Македонија
10. August 2016 - 13:55

Бизарна несреќа во Македонија: Огромна плоча усмрти работник

Околу 10 часот и 30 минути во близина на рудникот „Сивец“ во атар на селото Присад-Рудник додека 48-годишниот К.П. од Прилеп кој бил вработен во рудникотсечел  мермерни плочи, една плоча паднала врз него и го потиснала. Од страна на вработени, мермерната плоча била тргната од повредениот по што истиот бил префрлен во  Ургентен Центар во Скопје, каде за жал починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.