Бизарна несреќа во Гостивар, додека се разминувал со камион му паднале шипки на глава и починал
Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.
Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со патничко возило „опел-фронтера“ што го управувал Д.Џ (48), паднале метални шипки и го повредиле по главата.
Повредениот со возило на итна помош е пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, но набрзо им подлегнал на повредите.
На местото на настанот се врши увид со учество на јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска