Македонија
14. May 2021 - 12:51

Битолското муфтиство ги почести битолчани 500 баклави

Муфтиството во Битола денеска ги почести битолчани со 500 парчина баклава по повод празникот Рамазан Бајрам. Веќе петта година по ред се организира бајрамската баклава, единствено пауза направија минатата година заради ковид пандемијата. Во Старата битолска чаршија денеска секој случаен минувач беше послужен со баклава. 

-Секоја година си земам баклава оттука, сега ми кажаа дека имам. Многу е убава. Традиција е, убаво е, велат граѓаните.

Со оваа традиција Муфтиството сака да испрати порака дека Битола е космополитски град.

-Сме живееле заедно, треба да живееме, да се почитуваме еден со друг, да се почестиме еден со друг. Баклавата на Бајрам симболизира благо. Со баклавата, со ова благо,  укажуваме дека треба да бидеме благи еден кон друг, треба да бидеме блиски и да живееме заедно како што сме живееле во минатото, бидејќи само на тој начин може да одиме напред. Омразата, непочитувањето на другите, укажува дека не сме доволно цивилизирани, изјави Амит Расими, битолски муфтија.

Денеска за празникот ги посети и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.