Битолскиот универзитет потпиша меморандум за соработка со Софискиот универзитет

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Софискиот универзитет во Софија потпишаа меморандум за соработка со што го обновија договорот за билатерална соработка меѓу двете институции.
Меморандумот го потпишаа ректорите на двата универзитета Анастас Герџиков и Сашо Коруновски, а на церемонијата на потпишување присуствуваа и проректорите Марјан Ѓуровски и Николај Витанов.
Двете делегации разговараа за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на размената на наставници и студенти, за заедничка работа на научни проекти и публикации, како и за соработка во областа на науката, образованието и културата.
– Договорот за соработка помеѓу Универзитет „Св Климент Охридски“ – Битола и Софискиот универзитет „Св Климент Охридски“ ќе воспостави ефективни и бројни академски врски, културни односи и соработка. Двата универзитета ќе обезбедат взаемна поддршка за обука и напредок на академскиот кадар, размена на знаење и искуство и заедничка работа во различни научни и образовни полиња и области, велат од Унивезитетот во Битола.
Двете страни ќе разменат и академски кадар со цел да го споделат меѓусебното искуство и идеи, ќе го поддржат истражувачкиот персонал и размената на студенти од областа на заедничкиот интерес, како и размената на публикации и материјали за цели на едукација, обука и истражување.
– УКЛО и Софискиот Универзитет преку потпишаниот Меморандум ги охрабруваат своите професори и студенти од двата Универзитети да организираат заеднички научни средби и конференции со цел да се поддржат заеднички истражувачки проекти и заеднички публикации од научните области на двата Универзитета. Двете делегации на Универзитетите договорија размена на академскиот кадар, научници за истражување, студенти о стручниот административен персонал преку програмата Еразмус + како и на билатерална основа, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
