Битолскиот Правен факултет одржа обука за Европскиот суд за човекови права
Заврши франкофонската обука на тема „Европскиот суд за човекови права: идни предизвици и тенденции“ во Битола чиј организатор од 4 ноември до денеска беше Правниот факултет, универзитетска единица на УКЛО-Битола.
Стручната обуката за избрани студенти ја одржаа Себастијан Ботро Бонтер, експерт од Франција, Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур и професорите Ангелина Станојоска, Мирјана Ристовска и Милена Касапоска-Чадловска, од битолскиот Правен факултет.
– Академскиот настан, оваа школа претставува силен пробив на нашиот Правен факултет во меѓународни рамки. Ако се знае дека Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола е член на Франкофонската универзитетска агенција (АУФ) и директно соработува со универзитети од Источна и Централна Европа, членки на АУФ, тогаш слободно може да се нагласи дека преку битолскиот Правен факултет се отвораат нови можности за јакнење на капацитетите на младите и посебно на оние кои за своја професионална вокација ги избрале правните студии. Интересот кај студентите, наставниот кадар и јавноста за прашања од областа на човековите права е голем и токму затоа очекуваме овој академски настан да прерасне во традиција со што ќе се обезбедат континуирани знаења за правилата на постапката пред Европскиот суд за човекови права и начините за заштита на фундаменталните права загарантирани со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, истакна деканот Горан Илиќ.
На меѓународната обука од 4 ноември до денеска се одржаа повеќе тематски и тренинг обуки меѓу кои и дебатите за правото на живот и забрана на мачење за што говореше францускиот експерт Себастијан Ботро-Бонтер кој истакна дека и во 21 век сме сведоци на се поголема омраза во светот и затоа рече дека треба да бидеме свесни и да работиме на спасување на човештвото.
– Овој настан е многу важен во делот на едукација на студентите и го поздравувам битолскиот Правен факултет за поддршката која ја даде за овој проект. Студентите на ваков начин покажуваат солидна основа за владеење на човековите права, рече меѓудругото предавачот Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур.
На завршниот настан од неколкудневната стручна франкофонска обука на битолскиот Правен факултет учествуваше и почесниот француски конзул во Битола Калиопа Кривашија Стилиновиќ која истакна дека проектот има голем бенефит за студентите и за УКЛО, кои на овој начин успешно ја промовираат франкофонијата.
Ново на Сител
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава