Битолчанката Весна Мундишевска-Велјановска донитник на наградата „Празник на липите“

Македонската поетеса, битолчанката Весна Мундишевска-Велјановска припадник на помладата генерација поети, членови на Друштвото на писателите на Македонија е годинашен добитник на наградата „Празник на липите – 2016“ за најдобра песна.
Наградата „Празник на липите“ на Мундишевска-Велјановска и е доделена за песната „Свет на бајки“, а наградата ѝ ја врачи селекторот Борче Панов.
- Мојот свет на бајки е исполнет со уште едно за мене високо признание. Манифестацијата „Празник на липите“ од секогаш сум ја очекувала и доживувала со посебни чувства, а годинава ете и со награда, истакна битолската поетеса Мундишевска-Велјановска.
Весна Мундишевска - Велјановска е автор на девет книги поезија и на пет стручни книги. Таа учествувала на бројни културни манифестации, а нејзини поетски гласноговорипреведени
Поетесата Весна Мундишевска-Велјановска е секретар на Битолскиот книжевен круг, а од неодамна е и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое излегува во рамките на Македонското научно друштво од Битола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
