Битолчанец продавал дрога на малолетници

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти денеска Обвинителството.
-Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при што во два наврати му продал марихуана на дете кое не наполнило 14 години. При личен претрес на осомничениот на 20 март полицијата кај него пронашла 10,75 грама марихуана во две пакувања, се наведува во соопштението.
Јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи за тоа постојат сите законски основи. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
