Македонија
22. December 2022 - 9:24

Битола: Упасен 33 годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени пиштол, марихуана и амфетамин

На 21.12.2022 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Т.П.(33) од Битола.

При претрес во неговиот дoм, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и пет куршуми, амфетамин, марихуана и други предмети со остатоци од марихуана и амфетамин.