Македонија
21. December 2020 - 12:24

Битола се подготвува за зимската сезона

Во очекување на првиот снег во Битола, од јавното претпријатие Нискоградба велат дека се подготвени за престојната зимска сезона. Санирани се возилата кои имале дефекти, а набавени се сол и ризла. 

„Од страна на општина Битола набавени се околу 200 тони сол и 200 кубици ризла, во тек е и набавката на ладна асфалтна маса која ни е потребна. Не знаеме каква ќе биде престојната зима, сега засега е доволно . За секој случај Општина Битола има распишано тендер за поголеми количини мислам дека некаде се околу 600 тона сол и 400 кубици ризла, така што комплетно и каква да биде  зимата ќе бидеме покриени со сол и ризла, рече Методи Силјановски - директор на ЈП Нискоградба Битола.

Силјановски вели дека имаат доволно механизација за одржување на улиците во зимски услови кои се во нивна надлежност.

„По разговор со подизведувачите кои што треба да ги одржуваат локаланите патишта во поранешните општини Цапари и Бистрица, така што заедно со подизведувачите располагаме со 4 камиени со посипачи со ножеви , 6 ровокопачи и поголеми ровокопачи и 4 трактори“, рече Силјановски.

Во случај на пообилни снежни врнежи, до непристапните села каде што не може да стигне механизацијата на Нискоградба да се исчисти снегот, доколку има потреба на терен се вклучува Дирекцијата за заштита и спасување.