Бизнис
30. May 2018 - 20:48

Битола има слаба искористеност на парите со европските фондови

Општина Битола има низок процент на искористеност на достапните средства од ИПА фондовите, покажа анализата на НВО Инфоцентар. Во минатото општина Битола добила само 5 проекти од ИПА 1.

- Ако се имаат предвид можностите и капацитетите и средствата кои се нудат навистина можеме да кажеме дека тоа е низок процент на неискористеност. И веројатно делумно причиата за тоа е  непостоење политичка волја за да се направат стратешки напори во оваа насока. Она што може да го нотираме сега е дека политичка волја има, изјави Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар.

Од ИПА 2 програмата, која нуди голема можност за локален развој на општините, Општина Битола има добиено два проекта, а еден е ставен на резерва.

- Општина Битола сериозно ќе ги зајакне своите капацитети и ќе бидеме навистина многу поуспешни во добивањето проекти. Затоа што на ниво на држава, не само во Битола сите знаеме дека во изминатиот период многу малку беа искористувани средствата од овие фондови и голем дел од парите се враќаа назад и завршуваа неискористени, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола. 

Она на што треба да се посвети големо внимание е искористуавње на средствата за прекугранична соработка. Искористеноста на средствата од соработката со Грција е 80%, додека со Албанија изнесува 50%.