Македонија
26. May 2021 - 12:48

Битола: Да се преземат навремени мерки за заштита од поплави

Поплавите прават често проблеми во околината на Битола, што беше случај изминатиот период кога повеќе пати делови од Пелагонискиот регион беа под вода. Експертите велат дека ваквите природни појави не можат целосно да се контролираат, но ако се преземат мерки за заштита последиците ќе бидат помали.

-Во Битола периодично има појава на поплави бидејќи сливот на Црна е голем, при поинтензивни врнежи се случува често тоа, имаше и минатат година. Има мерки за заштита многу, основно е она што го имаме да го одржуваме добро, како што се каналите во Пелагонија ако не се одржуваат при секој поголем дожд ќе се јават проблеми. Прво е да се одржува тоа што го имаме, а второ да се интервенира навреме да не ескалира проблемот, изјави Проф. Милорад Јовановски, Градежен Факултет Скопје.

Токму на овој проблем, за справување и преземање заштитни мерки од елементарни непогоди работеше Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку проект дел од прекуграничната соработка со Грција во рамките на ИПА фондовите. 

-Имавме две примарни активности, регулирање на коритото на поројот во село Гермијан, со што при обилни врнежи ќе се спречат поплави, како и набавката на цистерна за потребите на ЈП Водовд со што се обезбеди можност за питка вода од овој регион доколку дојде до случај на прекин за снабдување со вода, изјави Гого Видимче, директор на ЦРППР.

Од Центарот велат дека како дел од оваа прекугранична соработка одобрен е нов проект во делот на цивилна заштита, овој пат на тема пожари.