Битола: 32 санкционирани возачи под дејство и 26 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот вечерта во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 32 возачи од кои 22 во Битола, 5 во Прилеп, 4 во Ресен и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.
Исто така, на 15/16.07.2023 во периодот од 21.00 до 02.00 часот на подрачјето на Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 26 возачи. Од нив 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 9 возеле без возачка дозвола, а 1 мотоцикл бил нерегистриран, стои во соопштението на МВР.
Министерството потсетува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
