Биткоинот падна на десетдневниот минимум, повлече и други крипто валути
Биткоинот денеска падна на најниско ниво во последните 10 дена, поради распродажбата што се прошири на други помали дигитални монети.
Биткоинот, најголемата крипто валута во светот, падна за дури 13 проценти на 16.317 американски долари, од највисоките 19.521 долари во средата.
Според последните податоци, тргувањето во моментов е во пад од 8,0 проценти.
Во текот на годинава, биткоинот зајакна за околу 150 проценти, достигнувајќи ниво малку под својот рекорд на сите времиња, од 19.666 долари.
Неговиот раст е поттикнат од побарувачката за поризични средства, но оние што се сметаат за отпорни на инфлацијата, како и очекувањата дека крипто-валутите ќе бидат широко прифатени како платежно средство.
Дванаесетгодишната историја на биткоинот е проследена со огромни подеми и подеднакво остри падови.
Ново на Сител
-
Во Германија починал маж откако по втор пат се заразил со Ковид-19
-
Инцидент во мигрантскиот камп во близина на Сараево, интервенираа специјалци
-
Васил Гарванлиев повторно избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2021
-
Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на Челзи не се подобрат наскоро
-
Велика Британија одби да гарантира дипломатски статус на амбасадорот на ЕУ
-
Вознемирувачко: Воспитувачки малтретираат деца во белградска приватна градинка
-
Матуранти ја бојкотираат наставата, бараат помалку предмети на државната матура
-
Земјотрес со јачина од 4,4 степени го стресе грчкиот остров Самос