Биткоини вредни 140 милијарди долари „загубени“ поради заборавени лозинки

Крис и Чарли Брукс се татко и син кои им помагаат на сопственици на биткоини да си ги добијат своите средства ако ги заборавиле лозинките. Очигледно тоа често се случува.
Според извештај од „Њујорк тајмс“, биткоини во вредност од 140 милијарди долари се „заробени“ бидејќи нивните сопственици ги заборавиле лозинките. Друг извештај од фирмата за податоци „Чејнанализис“ покажува дека околу 20 отсто од сите 18,6 милиони биткоини што се ископани досега се „загубени“ во сметки во кои немало никаква промена со години.
Еден Британец побарал дозвола од локалниот совет да пребара земјиште на кое мисли дека по грешка фрлил хард-диск во кој има 7,500 биткоини. Овие биткоини денес би вределе над 280 милиони долари.
Брукс откриваат дека овие „загубени“ средства не се целосно изгубени бидејќи досега им помогнале на некои сопственици да си ги вратат средствата. Според нив, околу 2,5 отсто од изгубените биткоини може да се вратат. Тоа се биткоини со вредност од околу 3,2 милијарди долари.
Тие откриваат дека хакирањето на биткоин-паричник е полесно отколку што се мисли, но за тоа се потребни време и знаење. Пред секоја работа, двајцата разговараат со сопствениците на биткоини за да разберат каква лозинка бараат. Успешно влегуваат во затворените профили на сопствениците во околу 27 отсто од обидите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
