Битиќи за Сител: Новиот антикризен пакет мерки ќе биде насочен кон тие на кои им е најпотребен

Владата сега има многу попрецизна слика за состојбата во економијата и следниот пакет мерки ќе биде многу пофокусиран кон најпогодените, вели во интервју за Сител вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Четвртиот пакет мерки ќе биде донесен веднаш штом ќе завршат консултациите со бизнисмените и синдикалците од кои точно ќе се види кои сектори и кои граѓани се најпогодени и на кои најмногу им е потребна помош.
„Кога ги креиравме претходните мерки ниту ние, ниту било која друга Влада во светот не располагаше со податоци на што ќе наидеме во следниот период затоа што имаше многу непознаници од корона кризата. Ние сега се подготвуваме до крај на годината дека ќе бидеме под удар на корона кризата и дека економијата ќе биде под негативно влијание. И веќе имаме одредени показатели и тоа што можам да ветам е дека четвртиот пакет антикризни мерки ќе биде насочен токму на оние на кои им е најпотребен“, вели Битиќи.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
