Битиќи: Со инфраструктурните проекти од ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата, информираат од неговиот кабинет.
-Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање на улица со должина од 2 километри, улица ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува 2 илјади наши сограѓани од овие села, или близу 10.000 сограѓани од целиот овој регион, кои секојдневно ја користат. Токму ова се придобивките од инфраструктурните проекти на ТАВ програмата, локални инфраструктурни проекти, низ сите општини, низ цела држава кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши граѓани, изјави Битиќи.Вицепремиерот информираше дека веќе се реализирани 70 проценти од започнатите проекти од ТАВ програмата, како и оти сите ќе бидат завршени во предвидениот рок до крај на оваа, 2023 година.-Со добро планирање и работа, се може. Градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини. Ја јакнеме локалната инфраструктура, задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите, тоа значи дека моите сограѓани добиваат и квалитет и навременост, потенцира Битиќи.Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ упати благодарност до Владата за изградбата на патот во должина од два километри кој ги поврзува селата Мирковци и Бањани.
-Пред да се изгради овој пат во овој дел имавме само неколку куќи, а сега имаме десетина градби и 14 барања за градби кои ги работи општинската администрација на Чучер Сандево.
Голема благодарност до Владата на Република Северна Македонија која ни помага во вакви проекти кои ја подобруваат инфраструктурата во Чучер Сандево. Верувам и во идна координација преку која ќе ја подобриме општата слика на Чучер Сандево, изјави Комненовиќ.
Ново на Сител
-

Зеленски по повод четири години од почетокот на војната во Украина: Путин не ги постигна своите воени цели
-

Приведен криумчар на мигранти од Турција, пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир
-

Поради одрон сообраќајот на дел од патот Катланово-Велес се одвива по една лента
-

Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела
-

Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег
-

Австралија ќе започне истрага за антисемитизам по нападот на плажата Бондај
-

Без струја повеќе улици во Скопје
-

Трамп ги предупреди земјите што „си играат играчки“ со трговските договори со САД дека ќе им воведе уште повисоки царини
