Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност
Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер.
Вицепремиерот Битиќи, информираат во владината прес-служба, посочи дека Владата е посветена на реализација на приоритетните цели за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации, со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на граѓаните, а во исто време ќе се спроведуваат реформите за членство на земјата во ЕУ.
Тој истакна дека како земја членка основач на Европската енергетска заедница, Република Македонија во изминатиот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се транспонирани директивите од енергетскиот сектор.
Сите овие активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, како што кажа, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за енергетика до 2040, а во процес на усвојување е и Националниот план за енергетика и клима, кои ја даваат основата за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори, но и политики за заштеда на енергија преку воведување на технологии и техники за енергетска ефикасност. Дополнително, потенцираше дека Македонија е една од првите земји во регионот која се заложи за повисоки амбиции во поглед на редукција на емисиите на стакленички гасови, кое е поврзано со битката со климатските промени. Битиќи потенцираше дека се започнати мноштво на проекти, особено во енергетиката, како воспоставување на Национален фонд за енергетска ефикасност, Проектот за праведна транзиција преку кој ќе се овозможи грижа за социјалните категории на граѓани.
Токму енергетската ефикасност е препознаена како поле во кое би можело да се интензивира соработката со Франција и со Германија, кои преку нивните развојни агенции би овозможиле техничка и стручна помош за правење на соодветни анализи, студии, проектни документации, а потоа во заедничка соработка и со Зелениот климатски фонд и други меѓународни финансиски организации да се реализираат значајни проекти за граѓаните.
Ова е втора посета на делегација на Француската развојна агенција во само еден месец, со која се покажува силната посветеност за унапредување на соработката помеѓу двете земји и поголема присутност на ФАР во Земјите од Западен Балкан. За време на еднонделната посета, пред повеќе државни институции и пред приватниот сектор беше презентирана Програмата PEEB COOL насочена кон енергетската ефикасност на јавни и приватни згради. Соработката помеѓу Македонија, Франција и Германија, со поддршка од Зелениот климатски фонд, во наредните години се очекува значително да придонесе за остварувањето на целите кои се дефинирани во планските и стратешки документи на државата, како и Националниот план за енергетска ефикасност. Имплементацијата на мерките дефинирани во овие документи, ќе придонесе за подигнување на општествената свест од придобивките за воведување на нови техники и технологии за енергетска ефикасност, кои ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните и подобар животен стандард.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
-

Андоновска: Нема простор за паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
