Бизнис
14. January 2022 - 19:20

Битиќи: Радијаторите ќе останат топли до крајот на грејната сезона

Заменикот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи кажа дека почнал процесот за решавање на проблемот со парното греење. Тој рече дека радијаторите на граѓаните на градот Скопје и општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона.
 
На истата прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека проблемот е решен и дека ќе има непрекината испорака на парното греење.
 
ТЕ-ТО ќе произведе дополнителна топлинска енергија, покрај електричната, со што ќе се обезбеди квалитетно и исплатливо снабдување“, рече Бектеши.