Битиќи: Повисоки плати ќе добијат вработените во ФЗО и правосудство кога граѓаните ќе добијат квалитетни услуги од нив
Нема повисоки плати за вработените во Фондот за здравство, ниту во обвинителство и судство. Ќе добијат покачување кога граѓаните ќе добијат квалитетни услуги од нив, а не да чекаат по 6 години за еден судски предмет. Парите во буџетот не се бунар без дно, ако им се даде нив ќе треба да се скрати од пензионерите и студентите, вели вицепремиерот Битиќи, по најавите на вработените во овие државни институции дека во петок излегуваат на улица, ако не добијат згоелмување на платите.
- И немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство при тоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако при тоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме се само да не биде на штета на другите. При тоа треба да не заборавиме ако го зголемиме фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Во предлог буџетот за следната година предвидени се пари за зголемување на минималната плата. Околу 50 илјади административци ќе добијат покачување за 2.325 денари. Останатите вработени во јавниот сектор, усогласувањето кое им следува ќе го добијат во септември.
Битиќи очекува предлогот од работната група за намалување на функцонерските плати да стигне до крајот на овој месец. Парите кои ќе им се скратат ќе бидат пренаменети за пензионерите и студентите. Инаку во предлогот за трошењето на државаната каса преовалдува токму социјаланат компонетна, однсно над половина од предвидениот буџет ќе се потрошат за плати и социјални транфери. Вицепремиерот препознат развој во овој буџет во поголемиот дел за капитални расходи, сума која никогаш не се троши во целост.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар