Битиќи и Шахпаска: „Недела – ден за одмор“ ќе влијае за поголема продуктивност и благосостојба на работниците
Нацрт решението за измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат на прогласувањето на денот недела за неработен, беше тема на дискусија на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ со претставници на стопанските комори членки на Платформата за јавно-приватен дијалог – Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.
Како што соопшти Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска посочија дека Владата останува отворена за дискусија со сите чинители на економското живеење, за секоја иницијатива поврзана со нивното делување, нагласувајќи дека ваквиот транспарентен и инклузивен начин на работа покажал дека кога решенијата се носат со заеднички консензус на сите вклучени страни имаат најпозитивен ефект.
– Презентирајќи го нацрт-решението на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, министерката Шахпаска посочи дека главните поенти на ова законско решение се неделата ќе биде ден за неделен одмор на работниците; ќе постојат исклучоци во одредени дејности кои ќе бидат стриктно наведени во законското решение, а кои поради природата на технолошко-техничкиот процес не може да запрат со работа или се неопходни за нормално функционирање на целото општество; сите работници и работнички ангажирани во компании кои припаѓаат во дејностите кои се дефинирани како исклучоци, ќе мора да добијат соодветен надомест за нивниот работен ангажман, дефиниран со Закон и колективен договор; и сите работнички и работници кои ќе бидат ангажирани во недела, ќе мора да добијат дополнителен слободен ден за одмор во текот на наредната работна седмица, се наведува во соопштението.
Битиќи и Шахпаска нагласија дека со ова законско решение очекуваат да се зголеми задоволството и благосостојбата на работничките и работниците, а со тоа и да се зголеми нивната продуктивност на работните места, што би било во интерес и на работодовачите и на работниците.
Законското решение за недела неработен ден, кое е дел од Програмата на Владата, се уште се дискутира помеѓу сите засегнати страни, во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение со кое би биле задоволни и синдикалните организации, како претставници на работниците и стопанските комори, како претставници на компаниите, се додава во соопштението на Кабиентот на вицепремиерот Битиќи.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра