Битиќи: Ако се греете на 24 степени и шетате на кратки во зимо, треба да се навикнете на 22, мора да се штеди
Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.
- Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.
Ново на Сител
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост