Битиќи: 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добиваат повисоки плати
Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите, истакна вчеравечер во интервју за дневникот на телевизија „Сител“, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
- Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените и влијанието врз оние кои треба да им служат на сите граѓани. Во општиот колективен договор имаме методологија со која за првпат тука во регионот, платите во јавниот сектор ќе се индексираат согласно растот на просечната плата, порача Битиќи.
Тој додаде дека платите во сите сектори растат постојано, а само во секторот образование, со последното покачување од 10 отсто во септември оваа година, за само пет години, ќе има вкупен раст на платите од 54 отсто.
Осврнувајќи се на измените на законите за извршување, за облигациски односи и за финансиски друштва, Битиќи посочи дека тоа е акт на праведност и правичност кон граѓаните.
- Конечно имаме решение со кое каматата не смее да го надминува износот на главниот долг, го намаливме и рокот за застарување на долгот, со цел да ги заштитиме граѓаните, и конечно, ставаме ред и на „брзите кредити“ каде трошоците за еден кредит ги ограничивме на најмногу 60 отсто, изјави Битиќи за телевизијата „Сител“.
Ново на Сител
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза