Бислимоски за БЕГ: Со сила убавина не бидува, имаме џентлментски договор

РКЕ пред скоро еден месец веќе започна постапка за одземање на лиценцата на БЕГ производство и тврдам дека нема никаква поврзаност во однос на поднесените барања за определување за цената за топлинска енергија, изјави вечерва во Тема на денот на Сител претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
За ситуацијата со БЕГ Бислимоски накратко нагласи дека со сила убавина не бидува.
-Сите можат да се сетат како беше во зимските месеци, имаше одредени проблеми кои се надминаа со помош на Владата за да се ублажи цената за топлинска енергија. Ние во изминатиов период бевме во комуникација со трите компании на БЕГ и поради веќе почнатата постапка за одземање на лиценца за БЕГ производство, веќе и од БЕГ се свесни дека имаат сериозни проблеми во однос на обезбедувањето на природниот гас. Од тие причини РКЕ во тековниот период ќе донесе одлуки со кои ќе се одземат трите лиценци на БЕГ производство, БЕГ дистрибуција и БЕГ снабдување и притоа се разбравме со компаниите џентлментски дека ние одредени постапки ќе прекинеме а тие ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци со една цел да нема ниедна оштетена страна. Треба да бидеме целосно подготвени за следната грејна сезона, потенцираше Бислимоски.
На прашање дали од БЕГ прекршиле некаков закон Бислимоски одговори дека во рамките на џентлментскиот договор со БЕГ сите проблеми кои што можеле да настанат се разрешени спогодбено.
Тој додаде дека отпосле Владата мора да распише тендер на кој што ќе се избере нов вршител на дејноста производство на топлинска енергија.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
