Бислимоски: Либерализацијата на пазарот на струја оди добро
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија оди добро и се повеќе мали комерцијални потрошувачи го напуштаат регулираниот пазар и го користат правото со кое се стекнаа од 1 јануари годинава, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
-Нивните вкупни трошоци за цената на електричната енергија која ја плаќаат на слободниот пазар се пониски за 32,4 проценти според податоците што ги имаме заклучно со јуни. Тоа се потрошувачите што ја плаќаа таканаречената индустриска струја која чинеше околу 150 евра за мегават час или околу девет денари за киловат час. Сега нивниот трошок е намален за повеќе од 32 проценти и верувам дека тој тренд ќе продолжи и натаму, изјави Бислимоски пред почетокот на денешната подготвителна седница на РКЕ.
Тоа, како што рече, покажува дека процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија во земјава е успешен, особено за малите и комерцијалните потрошувачи.
На домаќинствата, според него, во овој момент не им одговара цената на регионалниот пазар на електрична енергија за да излезат на слободниот пазар.
– Цената не електричната енергија на регионалниот пазар во овој момент е околу 65 евра за мегават час, односно околу четири денари за киловат час. Кога на цената од четири денари за киловат час ќе се додаде трошокот за мрежарина, дистрибуција и пренос, кој е фиксен и изнесува околу два денара, вкупниот трошок би бил приближно шест денари за киловат час. Во овој момент цената која ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар е 4,5 до 4,6 денари за киловат час, а за да им биде исплатливо да излезат на слободниот пазар цената на регионалниот пазар треба да биде околу 2,5 денари за киловат час, рече Бислимоски.
Веднаш кога ќе се создадат услови, потенцира, самите снабдувачи ќе им понудат соодветни пакети на домаќинствата за да ги натераат да излезат на слободниот пазар.
Ново на Сител
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда