Македонија
6. October 2021 - 9:35

Бислимоски физички нападнат од синот на Муса Џафери | ВИДЕО

Доцна синоќа во Скопје на улица „Боемска“ физички е нападнат претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, објави Дојче Веле.

Како што пренесува Дојче Веле, Аријанит Џафери, кој е син на поранешниот функционер на ДУИ, Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, вчера вечер физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Очевидец на настанот снимил видео на кое се гледа инцидентот во кој Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот.