Бислими: Србија е меѓународно признаена како геноцидна држава и треба да одговара и за геноцидот во Косово
Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими изјави дека Србија, по усвојувањето на резолуцијата во Обединетите нации за признавање на српскиот геноцид во Сребреница во 1995 година и прогласувањето на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, веќе е „меѓународно признаена како геноцидна држава“ и „мора да се соочи со минатото и да понесе одговорност и за геноцидот во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната средба на Бислими со претставници на Координативниот совет на семејните здруженија на исчезнатите од војната во Косово во 1998-99 година, според соопштението на владината служба за информирање, е истакната важноста од „интернационализација на геноцидот што го изврши Србија во Косово“.
Во таа насока, речено е дека организациите можат целосно да се потпрат на поддршката на Владата, а нагласена е и неопходноста од „расветлување на злосторствата, масакрите и структурираните планови на Србија за етничко чистење на косовските Албанци“ и доведување пред лицето на правдата на одговорните за злосторствата.
-Република Косово продолжува со своите непрекинати институционални напори во оваа насока, но за жал се соочува со неподготвеност, негирање и нерешителност од српските власти за да ги расветлат. Србија, која сега е меѓународно признаена како геноцидна држава, мора да се соочи со минатото и да биде одговорна за геноцидот во Косово, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра