Бискупот Стојанов повика на молитва за Божја помош во справувањето со пожарите
Н.В.П. монс.д-р Киро Стојанов повика на заедничка молитва за Божја помош и милост и застапништво на нашата небесна Мајка Богородица, во справувањето со тешката ситуација низ Македонија со пожарите.
Бискупот Стојанов, во повикот до свештенството, верниците и сите луѓе со добра волја нагласува: Почнувајќи од денес 18 јули и викендот кој е пред нас во сите католички храмови во Македонија да се моли за директно вклучените во гаснењето на пожарите: пожарникарите, припадниците на АРМ, полицијата, медицинските, државните и општинските служби, граѓански здруженија и сите луѓе кои се на терен.
Во апелот тој истакнува: „Во петок 19 јули во 12:00 часот отворете ги сите храмови и организирајте молитва за Божја помош, во справувањето со пожарите“.
Понатаму епископот Стојанов повикува верниците да бидат запознаени со забраната од надлежните институции за движење во шуми и шумско земјиште и за недозволеното палење оган на отворено, како и да ги следат и почитуваат упатствата од ЦУК. Во период на зачестени пожари потребно е одговорно однесување и поддршка на службите и лицата кои се справуваат со пожарите.
Воедно бискупот изрази голема благодарност до сите кои се борат со огнените стихии за да спасат човечки животи, имоти и природни богатства. Посакувајќи им Божји благослов на сите ги уверува во своите молитви за застапништво пред Господ Бог.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром