Бирото на ПССЕ нема доверба во својот претседател Педро Аграмунт
Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на состанокот одржан изутринава на крајот од пролетната сесија на паневроспката асамблеја, изгласа недоверба на Педро Аграмунт, како претседател на Собранието, јавува дописникот на МИА.
Бирото на ПССЕ, понатаму одлучи дека шпанскиот парламентарец Аграмунт не е овластен да остварува никакви службени посети, да присуствува на состаноците или да дава какви било јавни изјави во име на Собранието, а во својство на претседател.
„Претседателот избра да не присуствува на состанокот на Бирото, и да не достави писмо за оставка. Како резултат на тоа, а во контекст на важечкиот Деловникот за работа под кој претседателот (на ПССЕ) не може да биде принуден да поднесе оставка, Бирото чувствува дека е неопходно да се преземат овие чекори“, изјави Сер Роџер Гејл (Велика Британија,), постар заменик-претседател на Собранието, по претседавањето на состанокот на Бирото.
„Стандардите и принципите на Парламентарното собрание се поважни од кој било поединец-член, како и тоа дека интегритетот на нашето Собрание мора да се почитува", додаде тој.
Ново на Сител
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра