БИРН: Србија годинава извезла оружје во Израел во вредност од 23 милиони евра
Водечката српска државна компанија за извоз на оружје, Југоимпорт-СДПР, во јули извезла оружје и/или муниција во Израел во вредност од 7,3 милиони евра, игнорирајќи ги, меѓу другото, апелите на експертите на ОН да се запре продажбата на оружје во таа земја поради можни воени злосторства против Палестинците во Газа.
Според извозните податоци од порталот што собира деловни податоци на државните институции, а до кои БИРН имал пристап, со јулската пратка, СДПР во 2024 година во Израел извезле стока во вкупна вредност од 23,1 милиони евра. Тој извоз се одвива за време на израелската воена операција во Газа во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци, а над 90.000 беа ранети, според Министерството за здравство на Газа. Израел, исто така, 11 месеци војува со Хезболах во Либан, што дополнително ја зголемува потребата за оружје.
Податоците за пратката во јули се совпаѓаат со пет летови на израелски воени авиони од белградскиот аеродром Никола Тесла до израелската воздухопловна база Неватим, кои беа идентификувани од БИРН и израелскиот весник Хаарец, користејќи јавно достапни податоци од веб-страниците што ги следат летовите на авионите.
Во претходната истрага, БИРН и Хаарец идентификуваа шест летови – во февруари, март и мај – што исто така одговараат на податоците за извозот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах