Македонија
19. September 2015 - 16:45

Бимилк ги крева стандардите на Браќа Манаки

,,Браќа Манаки,, и оваа година успева да го сврти вниманието на македонската јавност . За прв пат годинава со многу новитети. ,,Би Милк,, успешно ги пречека гостите на црвени-от  тепих со коктел за добредојде како нов генерален спонзор на фестивалот.

Компанијата покажа дека секогаш го има во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите. 

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото ‘‘Филм на улица‘‘ Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во ‘‘Малена‘‘, Натали Портман во ‘‘Леон, проефионалецот‘‘, Џуди Гарланд во ‘‘Волшебникот од Оз‘‘, Одри Хепберн во ‘‘Појадок кај Тифани‘‘ и Хали Бери во ‘‘Жената-мачка‘‘.

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.