Фудбал
10. August 2017 - 16:09

Билетите за дуелот Шкендија-Милан од 400-1000ден.

Раководството на ФК Шкендија веќе ги објави цените за плеј-оф средбата со Милан во Лига Европа што ќе се одигра на 2-ри септември на Филип Втори во Скопје. 

Љубителите на фудбалот  ќе можат да го гледаат италијанскиот гигант за 400 до 1000 денари.
 
Продажбата започнува преку Мктикетс, официјалниот фан шоп на Шкендија и киоскот Монако во центарот на Тетово.
 
Во следните денови ќе почне и продажбата во Скопје, Тирана и Приштина.