
„Младата двојка дојде и праша дали може да им ги причуваме децата. Беа голи и боси. Родителите рекоа дека одат да купат продукти и дека ќе се вратат за 20 минути, а потоа заминаа и не се вратија“, рече бездомникот Сергеј (42).


„Се шокирав кога ги видов двете мали деца како лежат на валканите ќебиња. Беа голи и многу валкани“, вели таа.
Портпаролката на полицијата Дина Курникова вели дека децата изгледале како Могли од „Книга за џунглата“ и дека пиеле вода од Дњепар.

Постојано биле гладни и храна наоѓале во кантите за ѓубре долж брегот на реката.
Децата се одведени во болница, каде лекарите им констатирале настинка и неухранетост.
„Децата се слаби и едвај одат. Знаат како се викаат и колку се стари. Не прашуваат за родителите“, изјави педијатарот Таиса Клименко од Детската болница.
Кога полицијата ја пронајде мајката и таткото, Божена Синичка (20) и Владимир Зајцев (25) изјавиле дека ги оставиле децата „зошто се измориле од чување“. Синичка и Зајцев живеат од собирање старо железо кое потоа го продаваат. Против нив е покрената кривична истрага поради неисполнување на родителските должности и им се заканува казна од 5 години затвор.
До донесувањето на пресудата Андреј и Максим ќе бидат сместени во дом за сирачиња.

