Билд во Скопје на разговори со партиски претставници
Поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд денеска во Скопје треба да разговара со претставници на политичките партии во врска со политичката криза во Македонија.
Претпладнево Билд ќе има средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а подоцна во седиштето на партијата и со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Во текот на денот се очекува тој да разговара и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса.
Во пресрет на средбите во Скопје, Билд на твитер напиша дека крајот на уставната криза во Македонија не е на повидок.
- Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, вели Билд, кој е поранешен европски пратеник за Балканот. Тој не наведува детали за посетата на Скопје и за евентуални средби.
Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.
Ново на Сител
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки