-->
-->
Билд: Тухел ќе го замени Хајнкес
-->
Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Томас Тухел од следната сезона ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, според германскиот весник „Билд“. Во монентов на клупата на „баварците“ се наоѓа Јуп Хајнкес, како замена за Карло Анчелоти, кој имаше слаб почеток на сезоната и доби отказ.
Предвидувањата дека Тухел ќе биде тренер на Баерн може да бидат исполнети и по изјавата на претседателот на клубот Карл - Хајнц Румениге, кој по заминувањето на Анчелоти изјави дека никој нема нипто против Тухел да биде на клупата на Баерн, но моментот не бил идеален.
Инаку, Хајнкес по третпат е на кормилото на Баерн.
Тухел пет сезони беше тренер на Мајнц, а ланската сезона ја заврши како тренер на Борусија Дортмунд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари