„Билд“: Евровизија 2017 наместо во Киев можно е да се одржи во Москва

Организаторите на Евровизија разгледуваат можност во Москва да биде домаќин на натпреварот во 2017 година бидејќи властите во Украина се соочуваат со финансиски проблеми во организацијата, објави Билд повикувајќи се на извори во организацискиот одбор.
Таквата одлука може да биде непријатна за Украина која стекна право да биде домаќин откако пејачката Џамала победи на Евровизија во мај оваа година во Стокхолм.
Во крајот на ноември директорот на украинската национална телевизиска компанија Алексадер Карабин рече дека ЕБУ му се заканила на Киев дека може да ги лиши од правата да бидат домаќини на Евровизија 2017.
Меѓу причините за таква одлука, тој ги навел бирократијата, неадекватните закони и незаинтересираноста на дел од официјалните лица на државата за тоа натпреварување.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ќе донесе конечна одлука на 8 декември дали Украина ќе биде домаќин на Евровизија 2017.
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
