Свет
23. јуни 2016 - 15:17

Билд: Британци, останете во ЕУ и ќе ви го признаеме голот од Вембли

Германскиот весник Билд ги замоли Британците да гласаат против брегзит, со ветување дека „ќе ги запре шегите за ушите на принцот Чарлс“ и дека „ќе го признаат голот од стадионот Вембли“ – од 1966 година.

– Почитувани Британци, ако останете во ЕУ ќе го признаеме голот од Вембли, наведува весникот потсетувајќи на случка со снимка од сомнителен гол на Џефри Харст, кој обезбедил надмоќ на Англичаните во финалето од Светскиот куп во 1966, добиен од нив со 4:2 по продолженија.

Германците кои аргументираат со архивски инсерти тврдат дека гол воопшто немало. Тоа стана симбол на германско-британското спорстко соперништво.

Весникот на првата страничка дава и нови ветувања само Британците да го отфрлат брегзит: - Штом добивате сончаници, од солидарност веќе нема да користиме крема за сончање. Ќе играме без втор голман...ќе ви најдеме актер за злодела во секој следен филм за Џемс Бонд“