Билбиловски: Голем број граѓани избришани од Избирачки список поради разни причини
Неодамнешниот референдум покажа дека не е мала бројката на лица кои поседуваат важечки лични карти или пасоши, но од некаква некоординација или постојано оправдување со системски пропуст се избришани од Избирачкиот список и не можат да го остварат избирачкото право.
Државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител на денешниот брифинг Зоран Билбиловски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека се работи за 30.000 до 40.000 граѓани кои се избришани од Избирачки список поради разни причини.
За да се надмине оваа ситуација од Народниот правобранител апелираа до Државната изборна комисија соодветно да ги информира граѓаните кои се избришани од Избирачкиот список за постапките што треба да ги направат доколку сакаат да гласаат.
- Може ДИК барем во изборните кампањи да ги повика овие лица, да им каже дека се избришани од ЕИС и да ги упати што треба да прават за да можат да го остварат своето избирачко право, рече тој.
Според него, бришењето на овие лица од Избирачкиот список најчесто се случило поради вадење нови лични карти.
- Исто така апсурдна е и ситуацијата кога МВР издава соопштение дека во сабота и недела ќе издаваат лични карти. Но зошто се прави тоа. Тие лица и да извадат лични карти не ќе можат да гласаат бидејќи ќе ги нема во Единственот избирачки список, рече Билбиловски.
Исто така не е мала бројката на лицата кои се во затвор или во притвор, станува збор за 30 до 50 отсто од овие лица, кои не можеле да гласаат поради тоа што ги немало на Избирачкиот список.
- Со цел навремено да бидат запишани во Избирачкиот список и непречено да го остваруваат своето избирачко право треба да се регулираат модалитетите за обновување на личните карти на сите избирачи што се на издржување казна затвор во казнено поправните и воспитно поправните установи во континуитет, односно пред датумот на изминување на нивната важност, рече Билбиловски.
Тој посочи и на дискриминацијата за лица од категоријата болни и немоќни, бидејќи воопшто не им се овозможува избирачкото право да го остварат во местата каде подолго или трајно престојуваат, како што се старските домови, центрите за рехабилитација, душевните болници.
Во контекст на тоа додаде дека за време на референдумот од битолско-демирхисарскиот регион имале јавувања во Канцеларијата на Народниот правобранител дека во старски дом над 100 лица кои се сместени таму не можеле да го остварат своето право на глас. На овие лица, како што рече, им било кажано дека можат да гласаат само таму каде што им е живеалиштето.
Во врска со овие забелешки Народниот правобранител подготви Посебен извештај за остварување и заштита на избирачкото право што е доставен до Владата на Република Македонија и за кој е добиено позитивно мислење.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец