Балкан
30. December 2015 - 22:43

Била „подарок“ за новите борци на ИД - млада девојка претепана до смрт

Самра Кешиновиќ од Австрија е силувана и третирана како сексуална робинка пред да биде претепана до смрт, изјави поранешна заробеничка, која имала можност да ја запознае Кешиновиќ и нејзината 15-годишна пријателка Сабина Селимовиќ.

Седумнаесетгодишната Самра, непосредно пред смртта, била користена како сексуална робинка од страна на борците на Исламската држава, а според туниската заробеничка, Самра и Сабина живееле во иста куќа и се сметале за „подароци“ за новите џихадисти, пренесува британски Daily Mail.

Девојката со босанско потекло, бидејќи не можела да издржи повеќе, се обидела да побегне од Рака, но е претепана до смрт.