Бихачка и се заканува на Мала Речица: Павле Богоевски до ДУИ - или коалицирајте или СЈО ќе ве апси
Бихачка и се заканува на Мала Речица- Павле Богоевски директно му се заканува на Али Ахмети: ако не коалицирате со нас, ќе ве брка Специјалното јавно обвинителство.
Во оваа реченица може да се сублимира јавната закана преку Фејсбук на екс платеникот на Сорос, а сегашен пратеник на СДСМ, пишува порталот Старт.мк.
Богоевски во еден ист статус прво изразува загриженост за тоа што ДУИ губи политички поени, за потоа да им упати сериозни закани, со што покажува дека е длабоко поделена личност, пренесува Старт.мк.
- Непишаните политички правила велат дека сега е период на молчење, за да се избегне влегување во конфликт со политички структури кои се потенцијални коалициски партнери.
Затоа, нема да кажам ништо, само ќе поставам неколку прашања:
1.Знае ли Али Ахмети дека со секој ден на мудрување, тој своерачно ја пролонгира кризата во која сите сме премногу долго?
2. Знае ли Али Ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?
3. Знае ли Ахмети дека со секоја изгубена секунда, тој губи и гласови?
4. Знае ли Ахмети дека граѓаните гласаа за политчарите конечно да се фатат за работа и да почнат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, а не да седат дома и да чекаат да видат на која страна дува ветрот во Мала Речица?
5. Знае ли Ахмети дека единствената причина зошто тој сега е во центарот на вниманието е дека на Македонија и се ужасно потребни пратениците од ДУИ, а не дека некој верува во неговите демократски капацитети? И дека ова е период кога ТОЈ треба да моли за нова шанса, а не ние него за помош?
Доволно време изгубивме. Секој нареден чекор (вклучително и чекањето) ќе има големи последици по нашата држава.
Ниту Ахмети, ниту ДУИ, ниту кој било друг од нас не може да побегне од одговорноста која ќе следи – морална, политичка, но и кривична, напишал Боговески на Фејсбук, пренесува порталот.
Во ДУИ денеска молк, по овие последни закани од СДСМ. Ни Бујар Османи ни Артан Груби не сакаа да коментираат.
Во интервју за 24 вести, Артан Груби вчера порача дека нема пречки да коалицираат со СДСМ, доколку Заев писмено се обврзе дека ја прифаќа платформата на Албанците:
Да потсетиме, СДСМ повеќе од 2 години ја рекетира и уценува ДУИ, објавувајќи туѓи монтирани прислушувани приватни разговори.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
