БиХ се уште нема државен затвор

Ал Џезира Балкан - Сараево
Босна и Херцеговина се уште нема државен затвор, иако изградбата на оваа институција почна во 2006 година.
Поради многу пречки, градежните работи се запрени кога е изграден заштитниот ѕид. Сега, со новиот проект изградбата е во полн ек.
„Под тоа се подразбира обезбедување на сите функционални целини и простор за затворениците. Зградата вклучува и надворешни дворови, спортски сали, културно-едукативни центри, религиски центри, итн.“, рече Зоран Вашиќ, директор на единицата за имплементација на проектот.
Зградата ќе се простира на 24 илјади квадратни метри, а ќелиите треба да бидат 12 квадрати.
„Ова е прв затвор во БиХ кој ќе биде изграден според сите стандарди кои ги пропишува Европската унија. Завршетокот на градежните работи е планиран за крајот на 2016 година, а во затворските единици ќе се сместат 348 затвореници“, извести репортерката на Ал Џезира, Наталија Лучиќ.
Вредноста на проектот
Почетната вредност на проектот беше 15 милиони евра. Со новиот проект неговата вредност е зголемена на 26,5 милиони евра.
Надлежните објаснуваат дека новиот проект подразбира и поголема квадратура и подобри безбедносни системи, па со самото тоа тој е поскап. Наспроти дупло поголемата сума, средства се обезбедени.
„Инвеститор е Мин. за правда на БиХ со кредит од Развојната банка на Советот на Европа, донации на ЕУ и Шведската амбасада кои вкупно изнесуваат 11 милиони евра, а кредитот е 19,3 милиони евра. Придонесот на БиХ е околу 6 милиони евра“, истакна Башиќ.
Министерот за правда на БиХ ја истакнува важноста за почитувањето на роковите за завршување на изградбата. Министерството за правда на БиХ, за сместување на затворениците во ентитетските затвори плаќа 20 евра дневно по лице.
„Голем број осуденици кои се осудени пред судот во БиХ се сместени во ентитетските затвори, така со отварањето на овој затвор затворениците ќе можат да ги ослободат тие капацитети“, заклучи министерот за правда на БиХ Јосип Грубеш.
Моментално БиХ располага со 3.021 место во сите затвори, додека проценката на надлежните е дека капацитетот треба да се зголеми барем на 3.750.
Ново на Сител
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
