Свет
21. March 2017 - 21:28

БиХ и Русија потпишаа договор за подмирување на клириншкиот долг

Босна и Херцеговина склучи договор со Русија за подмирување на долгот во висина од 125 милиони долари од советското време. 

Босанското Министерство за финансии соопшти дека со потпишувањето на договорот БиХ ќе стане единствената поранешна југословенска република на која ќе и биде исплатен долгот во целост. 

Се планира средствата да бидат префрлени до крајот на мај, но се зависи од тоа колку брзо Парламентот на БиХ ќе го ратификува договорот. 

Во 2003 година Русија ја презеде одговорноста за долгот на Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, што е проценет на 1,3 милијарди долари.

Долгот воглавно е направен преку трговски договори со кои СФРЈ му доставувала стоки на СССР.

Москва подмири дел од долгот кон другите земји наследнички на поранешна Југославија исплаќајќи во вид на стоки и услуги.