БиХ и Пакистан потпишаа договор за реадмисија, насочен кон спречување на илегална миграција

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска го прифати предлог договорот за реадмисија меѓу БиХ и Пакистан, што треба да го олесни решавањето на проблемот со илегалната миграција.
Со склучување на овој договор, БиХ и Пакистан ќе ја потврдат својата подготвеност да се приклучат на меѓународната акција за спречување на илегална миграција, бидејќи ќе го регулираат прашањето за прием на нивни граѓани, државјани на трети земји и лица без државјанство кои живеат илегално на нивна територија.
Откако деталите за договорот беа договорени на експертско меѓувладино ниво, Советот на министри на БиХ ги прифати на седницата одржана во текот на денот и ги испрати на Претседателството на БиХ за одобрување.
Советот на министри на БиХ потсетува дека ова е исклучително важен договор бидејќи во изминатите три години земјата стана важна рута за илегална миграција, што придонесе за ширење на трговија со луѓе, дрога, украдени возила и други форми на организиран криминал.
Во БиХ од почетокот на годинава влегле околу 14.000 илегални мигранти чија цел е Хрватска, преку која се обидуваат да стигнат до другите земји на Европската унија. Безбедносните служби на БиХ собраа податоци што укажуваат на тоа дека голем број од нив се од земји како Пакистан.
Меѓу илегалните мигранти, 27 проценти биле Авганистанци, 23 проценти биле Пакистанци и околу 19 проценти биле државјани на Бангладеш, додека 10 проценти биле Мароканци.
Ново на Сител
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
