Биг Бен во Лондон ќе биде замолчен до 2021
Големите ѕвона на кулата - часовник во Лондон, позната како Биг Бен, која е еден од најпознатите симболи на британскиот главен град , ќе бидат „замолчени“ наредните четири години, до 2021, поради изведување на генерален ремонт.

Тие последен пат се огласија денеска на пладне, а потоа ќе работи само часовникот, но без да се слушаат неговите ѕвона.
Досега, тие се огласуваа на секој час, за да го покажат точното време, како и на секои 15 минути со еден краток ѕвон. Ваквиот ритам на Биг Бен е воспоставен пред 157 години.
Последен пат, ѕвоната на Биг Бен биле „замолчени“ во периодот меѓу 1983 и 1985 година, исто така поради градежни работи.
Според соопштението на британскиот Парламент, до чија зграда се наоѓа кулата, ваквата одлука морала да се донесе за да се заштитат работниците кои ќе бидат вклучени во обновата и поправките на кулата и на механизмот на часовникот.
Повремено ѕвоната ќе се вклучуваат за посебни околности, како што е означувањето на Новата година, или одбележувањето на Денот за паметење на сите британски војници што учествувале во Првата светка војна и во сите други војни и воени судирања потоа, во средината на ноември.
Биг Бен важи за најфотографираниот објект во Велика Британија.
Кулата е висока над 30 метри, а неговите ѕвона се тешки 13, 7 тони.
Од пред неколку години, официјалнт име на ова здание е „Кулата Елизабет“, во чест на дијамантскиот јубилеј на британската кралица Елизабета-60 години како е на британскиот престол.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
