Живот
2. September 2015 - 11:32

Бидете внимателни: Џепчии оперираат по маркетите!

Германката Хајдермари Бесер (74) доживеала непријатен момент пред 20-тина дена кога дошла на касата од еден супермаркет и сфатила дека нема со што да ги плати земените производи. Жената открила дека останала без паричникот, кредитните картички и личните документи.

Благодарение на безбедносните камери тие откриле што се случило, а сега германската полиција го сподели видеото со надеж дека некој ќе го препознае младиот крадец.

Идејата на полицијата била и луѓето да видат како оперираат џепчиите за да бидат повнимателни во иднина.