Библиотеката Кочо Рацин од Тетово со рекорден број посетители оваа година
По бројот на посетители тетовската библиотека „Кочо Рацин” е меѓу првите во земјава и покрај тоа што нема читална, а воедно има и просторни проблеми.
Библиотеката регистрирала 23.000 посети од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец, со што го зазема второто место во државава и е многу значајно за нив.
– Слободно можам да кажам дека ние сме меѓу првите, замислите немаме ни читална, ниту доволно простор. Последната направена статистика од месец јануари до крај на јули, вкупно се изнајмени 22.763 книги и дополнително со резервации и продолжувања, вкупно значи околу 23.000 посетители. Тоа е голем плус за нас и ние сме многу задоволни, вели Ѓултен Ајрули, која веќе 20 години работи во тетовската библиотека.
Голем е бројот и на резервации на книги кои ги вршат читателите, услуга која се наплатува, само за да го прочитаат омиленото дело.
– Кога ќе споменеме резервации, ова е еден феномен да речам, има и такви случаи кога доаѓаат читателите и плаќаат плус 10 денари, тие чекаат за една книга, подготвени се да резервираат за да ја прочитаат книгата, додава Ајрули.
Инаку, во тетовската библиотека, како во возрасниот, така и во детскиот оддел, ги има речиси сите нови наслови преведени на македонски и на албански јазик.
Ново на Сител
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава