БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера
Раководството на кошаркарската лига – БИБЛ со специјален подарок му се заблагодари на македонскиот судија Александар Милојевиќ за придонесот кој го имаше во ова натпреварување. Милојевиќ синоќа за последен пат во кариерата ја делеше правдата, а тоа се случи на финалето на Балканската лига, помеѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс.
Победи Хапоел Холон со 91:75 и го освои трофејот.
По мечот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата, Шај Штрикс.
– Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Вечерашното финале беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат најдобро во иднина во неговите активности и во светот на кошарката, објави БИБЛ на својата официјална страница.
Александар Милојевиќ пред еден месец беше избран за Комесар за натпреварување во македонските сениорски лиги.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер