БИБЛ: Кожув во последната четвртина го надигра Морнар

Кошаркарите на Кожув забележаа победа над Морнар во првиот меѓусебен натпревар од полуфиналето на регионалната Балканска лига (БИБЛ).
На дуелор одигран вечерва во Гевгелија, единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата, Кожув го совлада црногорскиот тим Морнар со 86:71 по четвртини 23:18, 23:22, 16:23 и 24:8. Решавачка беше последната четвртина во која Кожув влезе со негатива од еден поен, а во последните десет минути прими само 8 поени.
Во редовите на Кожув најефикасен беше Владимир Брчков кој натпреварот го заврши со 22 постигнати поени, додека Алексеј Нешовиќ постигна 14.
Со оваа победа Кожув не само што му се реваншира на Морнар за двата порази во регуларниот дел од сезоната, туку гевгелиската екипа направи и исчекор кон пласман во финалето.
Реванш натпреварот во Бар ќе се игра на 29 март.
Утре, својата прва полуфинална пресметка ќе ја имаат екипите на Берое и актуелниот шампион на БИБЛ лигата Сигал Приштина.
фото: www.balkanleague.net
Ново на Сител
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
