Биба Додева Христова и Ана Јаневска Делева ќе ги мониторираат јавните набавки на Клиниката за хематологија
Ана Јаневска Делева и Биба Додева Христова од организациите Транспаренси Македонија и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“ се двете надворешни стручни лица кои на барање на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје ќе учествуваат во мониторирањето на целокупниот процес на јавни набавки. Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, двете во својство на надворешни стручни лица, кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност ќе го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки на клиниката, наведе Клиниката на хематологија
-Уверени сме дека со овој чекор за унапредување на соработката со НВО секторот воспоставуваме највисоки стандарди за отчетност и транспарентност во процесот на спроведување на јавните набавки. Искрено веруваме дека преку ваквиот пристап пациентите и целата јавност во Република Македонија ќе добијат поголема сигурност во квалитетот на здравствени услуги и лековите кои се неопходни за нивно лекување. Несомнено е дека даночните обврзници имаат целосно право да знаат и во секое време да имаат увид на кој начин и за кои цели се троши секој нивен денар. Наша обврска е тоа да го овозможиме преку вклучување на највисоко ниво на јавност во нашето функционирање. Се надеваме дека ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје ќе стане пример кои ќе го следат сите јавни здравствени установи со цел сите заедно да придонесеме за враќање на довербата на граѓаните во јавното здравство, се наведува во соопштението ан Клиниката за хематологија.
Ново на Сител
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора