Би-Би-Си: Искусни ЕУ дипломати гневни поради блокадата на Северна Македонија и Албанија
Многу искусни дипломати од ЕУ се гневни по блокадата на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите за членство од страна на Франција и две-три други земји членки, јави Би-Би-Си.
Според британскиот јавен радиодифузен сервис, „поразот“ дојде по препораките за старт на преговорите со двете земји од Европската комисија и Европскиот парламент.
Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер изјави дека „ова е голема историска грешка“ и порача оти „се надева дека тоа е само привремено“, додека првиот човек на Европската совет, Доналд Туск изјави дека „тоа не е пораз, туку грешка“ и дека „се чувствува посрамен“, наведува Би-Би-Си.
Според телевизијата, Франција била единствена земја што го блокирала почетокот на преговорите со Северна Македонија, додека Холандија и Данска му се придружиле на францускиот претседател Емануел Макрон во спротивставувањето на стартот на преговарачкиот процес со Албанија. Макрон порача дека Северна Македонија и Албанија треба да одат во пакет и дека е потребно реформирање на процесот на проширување.
– Ова е полемика за визијата. Потребна е реформа во правилата за проширување. Не треба да отвораме преговори за членство со Северна Македонија, пред Албанија, треба да има мнозинство за преговори со двете (земји) заедно. Треба да направиме повеќе да им помогнеме на тие земји да се развијат, а не само да даваме ветувања, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на францускиот претседател на вчерашната прес-конференција.
Британскиот сервис наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека постои „разочараност“ од одлуката, но дека „прашањето ќе биде разгледано на самит за Западниот Балкан на почетокот на идната година“. Според неа, Французите сакале процесот за проширување да биде потранспарентен.
– Има различни оценки што овие земји треба уште да направат. Некои велат тие не направиле доволно. Северна Македонија заврши прилично многу работа, изјави Меркел.
Би-Би-Си потсетува и дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги обвини лидерите на ЕУ за неисполнетите ветувања кон двете земји. – Земјите членки сега треба да објаснат колку сериозно се посветени на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, изјави тој.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пак, предложи преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија да се „рестартираат“ во ноември, опишувајќи ја одлуката како „историска грешка“, додека неговиот белгиски колега Шарл Мишел вети дека прашањето нема да биде одминато, најавувајќи дека ЕУ „ќе гледа подоцна да се наврати на оваа дебата, додава Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани