Безживотно тело на средовечна жена извадено од Вардар
Полицаец од Крива Паланка, злоупотребувајќи ја својата службена положба, крадел пари од лица кои биле во куќен притвор. Пријавениот како службено лице при редовно извршување на надзор над мерка куќен притвор над оштетените М.Ц и Ѓ.Ц од кривопаланечкото село Конопница, ја искористил нивната состојба и им ги побарал платежните картички и ПИН-овите со образложение дека ќе ги провери, зошто некој можеби им ги зел парите додека тие биле во притвор.
Потоа случајот е пријавен во полиција, извршени се сите мерки и активности за докажување на делото, и против полицаецот се поднесени кривични пријави за “измама”, a pоведена е и дисциплинска постапка со предлог мерка – отстранување од работното место согласно Колективниот договор на МВР.
Во Гостивар продолжува славењето на фамилијарните прослави со истрели од огнено оружје. Пред седум дена од заталкан куршум животот го загуби десетгодишно дете, но тоа како да не беше доволна опомена, па пукотниците продолжуваат. Последниот таков случај е регистриран синоќа околу 23 часот, кога дел од испукано зрно удрило во ќерамидите на кровот од семејната куќа на С.Ј. од Гостивар и ги исплашил него и неговата сопруга со која седел во дворот. Увид извршила екипа од ПС Гостивар, при што е пронајден проектилот и подигнат за понатамошна постапка.
Женски труп е пронајден вчера во 15 часот и 25 минути на брегот на Вардар, во близина на гостиварското село Чегране. По препознавање, од страна на семејството утврдено е дека станува збор за 71 годишната Марија Ј од Гостивар. По наредба на јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција во Медицинскиот центар во Гостивар.
Државјани на Сирија и Ирак вчера во 06:10 часот во Полициската станица Богородица пријавиле дека биле нападнати и ограбени околу 05:30 часот во Гевгелија. Двајцата државјани биле нападнати од две непознати лица, кои управувале возило без регистарски таблички. При нападот, одземени им биле два мобилни телефони, околу 800 евра и патни документи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
